Top Sport

Анчелоти до Модриќ: Па, зошто го промаши тоа додавање

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја освои својата прва титула по враќањето на „Бернабеу“ кога вчера „кралевите“ ги совладаа Атлетик Билбао со 2:0, така станувајќи првиот италијански тренер со трофејот од Суперкупот на Шпанија.

МВП наградата на мечот ја доби хрватската ѕвезда Лука Модриќ по фантастичниот гол кој го постигна и Италијанецот реши да го „зеза“ ветеранот.

„Промаши едно додавање, промаши едно додавање таму! Па, зошто ја шутна топката во аут“, велеше Анчелоти пред да го гушне својот фудбалер.

Scroll to Top