Шпанскиот фудбалер Борха Мајорал рекол дека решил да се пресели во Рома бидејќи не можел да чека Реал да се ослободи од Лука Јовиќ.
Мајорл во финишот на преодниот рок договори две сезони да игра како позајмен фудбалер во Рома. Рекол дека ја прифатил понудата бидејќи „сакал да напредува и расте како фудбалер“.
„Зидан сакаше да останам, јас му реков дека желбата ми е да заминам во клуб каде што ќе имам можност да играм. Клубот го послуша Зидан, поради тоа тој сакаше да се ослободи од Лука Јовиќ. Се се случи доцна во преодниот рок, му се јавиви на Зидан и го прашав дали ќе ме пушти да заминам. Верував дека тоа е вистинскиот начин за мене за да продолжам да напредувам во кариерата“, рекол Мајорал, кој претходните две сезони играше како позајмен играч во Леванте.
Мајорал во второто коло беше најзаслужен за победата на Реал над Бетис, во финишот на натпреварот тој избори пенал кој го реализираше Рамос за победа на „кралскиот клуб“ 3:2.