Top Sport

„Не можевме да добиеме потежок противник од Атлетико“

Челси за противник во осмина-финалето, во Лигата на шампионите, го доби Атлетико Мадрид. Менаџерот на „сините“, Френк Лампард, смета дека неговиот тим го добил најтешкиот противник од вториот „шешир“.

Првиот натпревар тимовите ќе го одиграат во Мадрид на 17.февруари наредната година, а реваншот во Лондон е закажан за 23.март 2021 година.

„Кога ја погледнете нивната форма, квалитетот на тимот, искуството што го имаат во Лигата на шампионите, ова е тешка ждрепка за нас. Но, во Лигата на шампионите нема лесни противници. Мораме да веруваме во себе. Мораме да играме против такви тимови доколку сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите. Ги гледав минатата сезона против Ливерпул, а Ливерпул е одличен тим. Мораме да веруваме дека можеме да победиме“, рекол Лампард.

Челси, во својата група, завршија први пред Севилја, Краснодар и Рен, додека Атлетико беа зад Баерн, а пред Салцбург и Локомотив Москва.

Scroll to Top