Top Sport

Не му е јасно зошто ја има поддршката од навивачите

Тимо Вернер, големото засилување на Челси полека се претвора во големо промашување. Германецот, за 40.000.000 евра, пристигна на „Стенфорд Бриџ“, летото во 2020 година.

Челси од Вернер не доби ефикасност во нападот, она што тој толку добро го правеше во Лајпциг.

Поразителен е податокот дека сезоната има постигнато само еден гол во Премиер лигата, а вкупно шест во сите натпреварувања.

Самиот се чуди како се уште ја има поддршката од навивачите.

„И самиот се прашувам зошто ме поддржуваат толку. Напаѓач сум, сакам да постигнувам голови, но тоа не ми успева“, рекол Вернер.

Челси, вечерва ќе гостува во Брајтон.

Scroll to Top