Top Sport

Ловрен застана зад пријателот Салах: Можеби му треба европски пасош?

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дејан Ловрен го кажа тоа што го мисли секој фан на „црвените“, откако Мохамед Салах повторно остана „ускратен“ во изборот на ФИФА за најдобар играч и за најдобри 11 на светот.

Вчера, Роберт Левандовски ги победи Салах и Лионел Меси во гласањето за најдобар играч, што можеби не е толку зачудувачки, но тоа што во најдобрите 11 за 2021 со необична 3-3-4 формација немаше место за Египќанецот е навистина шокантно.

Фудбалерот на Зенит Санкт Петерсбург, Дејан Ловрен, кој беше еден од најблиските пријатели на Салах додека беа соиграчи во Ливерпул, јасно го кажа мислењето на Твитер.

„Нема место за Салах во ФИФПРО 11? Повторно! Тие што го познаваат фудбалот знаат дека тој заслужува да биде таму. Што треба да направи за да биде дел од овој тим? Можеби да земе европски пасош“, напиша Хрватот.

Најдобрите 11 на денешницата според играчите – се согласувате ли?

Scroll to Top