Top Sport

Не му оди во ПСЖ – од 43 шута во Лига 1, има само еден погодок!

Аргентинскиот фудбалер Лео Меси (34) не прикажува партии во дресот на ПСЖ какви што сме навикнати да гледаме од него, пред се во Лига 1.

Синоќа против Лориен, во 19-тото коло аргентинскиот ас ги одигра сите 90 минути, но не успеа да се запише во листата на стрелците иако петпати се обиде да постигне гол.

Негативното во играта на Меси е што досега нема постигнато ниту еден гол на гостиските натпревари на „Светците“, а од 11 меча во дресот на клубот од „Паркот на принцовите“ само еднаш прецизно стрелаше, против Нант, во победата од 3-1 во рамки на домашното првенство.

Меси го повтори својот антирекорд, откако од септември 2006 до март 2007 година, не постигна гол за Барселона на 8 гостински натпревари.

Тој во ПСЖ дојде во јули 2021 година како слободен агент. За парижаните на 16 настапи запиша 6 гола и 5 асистенции, ама пет од овие погодоци се во исто толку настапи во Лигата на шампионите.

Scroll to Top