Top Sport

Не помогнаа ниту два пенали – Барнли ја продолжи мизеријата на Евертон

Во интересна битка за опстанок во Премиерлигата, Барнли стигна до импресивна 3:2 победа над Евертон, зголемувајќи ја мизеријата на тимот на Франк Лампард, кому сериозно му се заканува испаѓање во понизок ранг по меч во кој не помогнаа ниту двата пенали за „карамелите“.

Нејтан Колинс ги донесе Барнли во водство по само 12. минути игра, но Евертон се врати во игра во 18. минута, со сигурниот гол на Ришарлисон од пенал, за во 41. минута да биде досуден уште еден пенал за гостите, кој Бразилецот повторно сигурно го реализираше.

Но, Џеј Родригез успеа да израмни за тимот на Шон Дајч во 57. минута, пред Максвел Корне да донесе три поени за Барнли во 86. минута.  Со трите поени, Барнли уште останува во зоната за испаѓање со 24 поени, но сега се на само еден поен од Евертон на 17. место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top