Никој веќе еден месец не испратил понуда до Тотенхем за Хари Кејн. Новинарот, Фабрицио Романо, повикувајќи се на извори во клубот, објави дека последната понуда од 100 милиони фунти, која била одбиена, ја испратиле луѓето од Манчестер сити.
На овој начин Романо ги демантира пишувањата на „Сан“. Магазинот, претпладнево објави, дека Тотенхем прифатиле да го продадат Кејн во Манчесѕер сити за 160 милиони фунти (околу 185 милиони евра).
Доколку до трансферот дојде по овои услови, тогаш тоа ќе биде британски рекорд и воедно ќе биде вториот најскап во историјата на фудбалот.
Романо, во својот Твите, вели дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, по секоја цена ќе се обиде да го задржи капитенот во тимот.