Не постои никаква клаузула во договорот што го има Еринг Халанд со Борусија Дортмунд. Шпански „АС“, тврди дека Норвежанецот по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.
„АС“, објави дека клубот има договор со Халанд и неговиот менаџер Мино Рајола, дека играчот ќе може да го напушти клубот во летниот преоден рок во 2022 година. Поради тој џентлменски договор, Мино Рајола не инсистирал на трансфер ова лето.
„Еден од условите на Рајола, кога во јануари 2020 година, го донесе својот клиент во Дортмунд, бил да добие ветување дека ќе може да замине од клубот во 2022 година. Младите играчи во Борусија Дортмунд немаат толкав притисок и дека ќе може да напредува. Изборот на клубот се покажа како олн погодок и сега тој очекува Борусија да го испочитува својот дел од договорот“, пишува „АС“.
Борусија за Халанд плати 20 милиони евра. Досега има одиграно 67 натпревари, постигнал 68 голови.