Top Sport

Не потпиша нов договор, Барселона го продава најголемиот талент

Каталонски „Спорт“ носи вест со наслов „Нова криза во Барселона“.

Се однесува на неуспешните преговори клубот да го задржи во своите редови моментно најголемиот талент, Илаиш Мориба. Преговорите, според информациите, пропаднале пред неколку дена.

Извесно е дека финансиската ситуација во клубот е тешка, па сега има две опции за 18-годишниот фудбалер – Барселона да го продаде летово или тој идниот јуни да си замине без отштета.

Во Барса не сакаат да слушнат за понуда под 15 милиони евра. Информациите се дека веќе одбиле 8 милиони од Лајпциг.

Доколку никој не ја понуди бараната сума, Мориба сезонава ќе ја гледа од трибините и нема да биде во конкуренција за настап во првиот тим, но ниту за Б-екипата, велат од клубот. Со тоа од Барселона сакаат да им испратат порака на останатите млади играчи кои допрва треба да потпишуваат договори со клубот.

Минатата сезона Мориба одигра 14 натпревари во Ла Лига, 3 во Купот на Кралот и една во Лигата на шампиони. Постигна еден гол и имаше 3 асистенции.

Scroll to Top