Top Sport

Ван Гал на клупата на „лалињата“ во свој стил – Кој друг ако не јас!

Фудбалскиот сојуз на Холандија го именуваше новиот селектор Луј бан Гал што за не го ќе биде трет мандат на клупата на „лалињата“. Сојузот реагираше веднаш по неуспехот на ЕУРО 2020 каде Холандија испадна во осминафиналето од Чешка, па Франк де Бур беше сменет.

Ван Гал, како и секогаш, директен и самоуверен по враќањето на „старата“ работа.

„Ми беше чест кога во 2000 година станав селектор. Во 2012-та исто така. Така е и сега. Не го правам ова поради себе, туку за да му помогнам на холандскиот фудбал. И јас да бев на место на ФС на Холандија би се повикал себе си. Кој друг ако не јас! Можеби звучи чудно, но сега искуството е многу важно затоа што немаме многу време„ вели Ван Гал.

Холандија во квалификациите за СП на 1. септември игра против Норвешка, а три дена подоцна ќе ги одмери силите со Црна Гора. На 7. септември е закажан дуел со Турција.

Scroll to Top