Претседателот на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, потврдил дека клубот постигнал договор со Манчестер јунајтед, околу трансферот на Џејдон Санчо.
„Трансферот наскоро треба да се комплетира. Останаа уште некои формалности и медицинските прегледи“, рекол Вацке.
„Џејдон сакаше да направи промена во кариерата. Ние сакавме да остане. Беше фантастичен за нашиот тим. Не сме среќни што ќе заработиме од трансферот, тажни сме што Џејдон заминува“.
Борусија Дортмунд објавија дека од трансферот ќе заработат 85 милиони евра.