Top Sport

„Не се плашиме од Меси, во нашиот тим е најдобриот во светот“

Тинејџерот од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, рекол дека тимот е подготвен за реваншот во Купот против Барселона и дека тој и соиграчите не се плашат од Лионел Меси.

Реал, вечерва од 21 часот, ќе ја пречека Барселона во полу-финалниот реванш во Копа дел Реј. Првиот меч одигран во Барселона заврши без победник (1:1).

„Меси е неверојатен играч, прави работи што другите не можат да ги направат, но ние не му се плашиме. Подготвени сме, знаеме што не очекува, а знаеме и дека во нашиот игра најдобриот играч во светот“, рекол 18-годишникот.

Ова е првата од двете средби што вечните ривали ќе ги одиграат оваа седмица. В сабота Реал ќе ја пречека Барселона во домашното првенство.

Scroll to Top