Top Sport

Не се предава, Јаја Туре ќе игра во Кина

Јаја Туре нема намера да се пензионира. 36 годишниот фудбалер, иако имаше неуспешна сезона во Олимпијакос, каде по само три месеци доби отказ, реши среќата да си ја проба во Кина.

Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска се договорил со Кингдао Хуангхаи. Овој клуб се натпреварува во втората лига на Кина.

Јај Туре потпишал договор на една година, а во новиот клуб соиграчи ќе му бидат поранешниот португалски репрезентативец Рикардо Ваз Те, Жоан Верду и Клео играч кој во минатото настапуваше за Црвена ѕвезда и Партизан.

Scroll to Top