Реал Мадрид нема намера да им ги продолжи договоротите на Иско и Герет Бејл, тие двајца се главни кандидати да го напуштат клубот во зимскиот преоден рок. На крајот од сезоната истекува и договорот на Марсело. Капитенот малку игра оваа сезона, Реал ќе ја почитува неговата желба, каква и да биде таа, што значи дека и тој може да го напушти Мадрид.
Иско, Марсело и Бејл не се наоѓаат во плановите на тренерот Карло Анчелоти. За разлика од нив Маријано Дијаз, Лука Јовиќ и еден Азар, се во плановите на тренерот, но не значи дека нема да заминат доколку во клубот добие добри понуди за нив.