Top Sport

Не се жениш со истата жена двапати – Зидан не донесе ништо во Реал, вели Мидо

Поранешниот напаѓач на Ајакс и Тотенхем, Ахмед Хосам, многу попознат како Мидо, вели дека враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид може да се прогласи за неуспех, бидејќи тој не донел ништо во клубот.

Зидан драматично си замина од „кралскиот клуб“ во 2018 година по освојувањето на третата титула од Лигата на шампионите, по што Реал прво го ангажираа Хулен Лопетеги, а потоа Сантијаго Солари, пред Французинот да се врати во март 2019 година откако тимот беше елиминиран од ЛШ од Ајакс и го освои третото место на табелата.

Мидо, кој признава дека е огромен фан на Реал, верува дека неговото враќање е неуспешно.

„Навистина го сакам Реал Мадрид, тој ми е омилен клуб на светот. Но, според мене, Зидан не додаде ништо во клубот. Ние имаме поговорка: Не се жениш со истата жена двапати“, вели Мидо во интервју за „АС“.

Scroll to Top