Top Sport

Ќерката на Мејведер уапсена за физички напад?

Ијана „Јаја“ Мејведер, 19-годишната ќерка на боксерската легенда Флојд Мејведер Јуниор е уапсена во Хјустон откако во расправија нападнала со нож една жена поради раперот НБА Јанг бој, јавуваат американските медиуми.

Ијана била уапсена во саботата наутро поради физичка пресметка со 20-годишната Лапатра Лашаи во домот на раперот, во која таа користела кујнски нож а да ја нападне. 19-годишната Ијана е една од четирите деца на Мејведер, а нејзината мајка е бизнисменката Мелиса Брим.

Ова е само уште еден семеен проблем за Мејведер, откако во последните недели тој мораше да се справи со две трагедии. Прво, поранешната партнерка на Мејведер, и мајка на три негови деца, Џози Херис беше пронајдена мртва во нејзиниот автомобил во Калифорнија, а потоа почина неговиот ментор и чичко, Роџер Мејведер.

Scroll to Top