Top Sport

(Не)славната статуа на Роналдо заменета со подобра верзија

Статуата на Кристијано Роналдо која го „красеше“ аеродромот во Мадеира и која стана мета на потсмев на фудбалсктие фанови, конечно е заменета со подобра верзија.

Бронзената биста на напаѓачот на Реал Мадрид и на португалската репрезентација стана славна откако воопшто не наликуваше на него, по што скулпторот Емануел Сантош одговори дека се работи за „прашање на вкус“.

Според локалните медиуми на островот, семејството на Роналдо побарало да се смени скултпурата преку „ЦР7 музејот“, кој исто така е лоциран во Мадеира и смената се случила истиот ден кога Роналдо постигна хет-трик за 3:3 реми со Шпанија.

Промената не наиде на целосно одобрување, откако се појави петиција за враќање на старата скулптура.

„Бистата беше атракција за нашиот остров и не можеме да ја прифатиме промената“, се вели во петицијата.

Скулпторот Сантош подоцна под покровителство на веб-сајтот „Бличер рипорт“ направи втора, многу подобра скулптура од Роналдо. Сантош вели дека воопшто не бил информирал за промената на бистата и вели дека е разочаран од одлуката.

Една година подоцна, скулпторот направи „подобрен“ Роналдо (галерија)

Scroll to Top