Спортскиот директор на Баер Леверкузен Симон Ролфес, за „Скај Спорт Германија“, рекол дека во клубот досега не пристигнала ниту една понуда за Каи Хаверц.
Ролфес со оваа изјава ги демантира англиските и германските медиуми кои со денови пишуваат дека Хаверц ја прифатил понудата од Челси.
„До овој момент не сме добиле ниту една официјална понуда за Хаверц. Веќе кажав дека до крајот на нашиот настап во Лига Европа тој ќе биде со нас. Сезоната се уште не е завршена“, рекол Ролфес.
Хаверц има 21 година, може да игра на неколку позиции во нападот и поседува неверојатен талент.
Леверкузен за него бара 100 милиони евра, а според медиумските шпекулации Челси не сакале да понудат повеќе од 80 милиони евра.