Top Sport

„Не сме подготвени за доаѓањето на Меси“

Лионел Меси вчера објави дека кариерата ќе ја продолжи кај Дејвид бекам во Интер од Мајами. Славниот Аргентинец реши да се пресели на Флорида откако му заврши договорот со ПСЖ.

Еден од најдобрите играчи во историјата го избра МЛС и еден од најлошите тимови во првенството на САД, откако ја одби неверојатната понуда од Саудиска Арабија.

Голманот на Интер, Ник Марсман откри во каква состојба е клубот пред доаѓањето на мега ѕвездата.

„Мислам дека овој клуб не е подготвен за доаѓањето на Меси. Имаме привремен стадион, луѓето можат да влезат на теренот и нема ограда. Доаѓаме на стадион без обезбедување. Мислам дека не сме подготвени, но се надевам дека Меси ќе дојде“.

Scroll to Top