Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, конечно одговори на неколку месечните шпекулации, дека клубот преговара околу трансферот на Пол Погба.
Бартомеу, на шпанските медиуми им изјавил, дека клубот во овој момент нема намера да биде активен на трансфер пазарот и дека сите се задоволни од составот што го има Барселона.
„Читам разни шпекулации, не само за Погба, туку и за многу други играчи. Многу тимови воопшто не сакаат да продаваат играчи бидејќи им се важни. Кога ќе слушнам од некој менаџер дека некој играч е на продажба, најпрвин му се јавувам на спортскиот директор на тој клуб и најчесто добивам одговор дека играчот не е на продажба. Ние сме задоволни со тимот што го имаме и не сакаме да менуваме ништо“, рекол Батомеу.