Наполи, вчера, на „Луиџи Ферарис“ во Џенова, го победи домашниот тим со 2:1. Голот за победа го постигна Андреа Петања во 84.минута.
Многу полемики предизвика поништениот гол на Џенова, при резултат 0:1. Горан Пандев, постигна гол во 54.минута, но ВАР го поништи голот поради наводниот фаул на Брукс врз голманот на Наполи, Мерет.
„Мислам дека голот на Пандев не требаше да биде поништен. Неколку играчи на Наполи се смееја поради таквата одлука“, изјавил тренерот на Џенова, Давиде Балардини.