Кристијан Бобо Виери во кариерата сменил 13 клубови, може да се пофали дека играл за Јувентус, Милан, Интер и Лацио, а единствената сезона ја минал во Шпанија. Во сезоната 1997/1998 Виери го носел дресот на Атлетико Мадрид.
Бобо на „Винсенте Калдерон“ одигра одлична сезона, 24 гола на исто толку натпревари во првенството, но поради несогласувањата со тогашниот тренер Радомир Антиќ заминал од Мадрид.
Виери открива дека иако не живеел спортски сезоната во Мадрид му е една од најдобрите во кариерата.
„Во Јувентус бев врвен професионалец, а во Мадрид излегував секоја вечер. Не сакам да кажам дека таму односно не ми беше професионален меѓутоа повеќе излегував. Излегувавме секоја вечер, не можев сам да останам дома. Доцна ќе излезевме на вечера, а потоа ќе продолжевме на пијачка на друго место. Без оглед на се бев најдобар стрелец“, раскажал Виери.
Од Мадрид Виери се пресли во Лацио, а по една сезона во Рим го облече дресот на Интер.