Top Sport

„Не знам кој е подобар фудбалерот Зидан или тренерот Зидан“

Оригиналниот Роналдо го одбрал најдобриот фудбалер со кого имал можност да ја дели соблекувалната. Бразиелцот, пред неколку дена, беше избран во најдобриот тим, во историјата на фудбалот.

„Зизу е најдобриот фудбалер со кого сум тренирал и играл. Тој сега е тренер со три титули во ЛШ. Понекогаш се прашувам кој е подобар, фудбалерот Зидан или тренерот Зидан? Немам одговор на ова прашање“, рекол Роналдо.

Роналдо и Зидан беа соиграчи во Реал Мадрид, во периодот 2003-2006 година.

Scroll to Top