Top Sport

„Недозволиво е Дони да биде резерва во ваков Јунајтед“

Сјака Сварт, менаџерот на фудбалерот на Манчестер Јунајтед Дони ван де Бек, рекол дека неговиот клиент не требало да биде резерва на натпреварот против Брајтон, кој „црвените ѓаволи“ го добија од пенал во 100 минута.

„Тој да биде резерва? Тоа не ми се допаѓа. Искрено не би го трпел тоа да сум на неговото место. Да влегувам во игра на четири минути до крајот на мечот? Нема шанси“, рекол Сварт.

Од доаѓањето во Јунајтед Ван де Бек одиграл само 23 минути во Премиер лигата.

„Иако малку беше на теренот успеа да направи три добри работи, што е многу повеќе од повеќето играчи во тимот. Извлече пенал кој ѝ претходеше на победата. Во нормални околности Брајтон требаше да го прегази тој Јунајтед со 7:1. Манчестер Јунајтед имаат добар тим но такви работе не треба да им се случуваат“.

Ван де Бек само во Лига купот беше во стратниот тим, менаџерот Солскјер на средината ги форсира Матиќ, Погба и Бруно Фернандеш.

Според англиските медиуми Холанѓанецот ќе биде резерва и викендов кога Јунајтед ќе го пречекаат Тотенхем.

Scroll to Top