Top Sport

Недвед на состанок со Рајола за Погба и Де Лихт

Италијанските медиуми тврдат дека потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед денеска во Монте Карло ќе се сретне со супер-агентот Мино Рајола за да преговара за услугите на Пол Погба и Матијс де Лихт, иако Манчестер јунајтед не отстапуваат од цената од 150 милиони евра за Французинот.

Според „Ла газета дело спорт“ и „Тутоспорт“, Недвед има прва задача да го обезбеди враќањето на Погба во Торино, иако големи конкуренти за овој договор се Реал Мадрид и Зинедин Зидан.

Јуве би се обиделе да ја намалат цената вклучувајќи фудбалери во размената, како Пауло Дибала, Даглас Коста и Жоао Кансело. Исто толку голем предизвик ќе биде и дефанзивецот на Ајакс, Де Лихт, кој според шпекулациите го избрал Пари Сен-Жермен за трансфер од 70 милиони евра, и покрај интересот на Манчестер јунајтед и Барселона.

Scroll to Top