Торинскиот весник „Тутоспорт“ тврди дека потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед вчера се сретнал со супер-агентот Мино Рајола за да се разговара за потенцијалните трансфери на Пол Погба, Џиџио Донарума, но и други фудбалери.
Рајола е агент на двајцата фудбалери, кои се сметаат дека се приоритет во летниот преоден рок, но исто така му беше агент и на Недвед додека тој беше фудбалер и двајцата се во одлични односи.
Донарума си заминува од Милан како слободен агент, но Јувентус прво треба да најдат купувач за нивниот прв голман, 31-годишниот Војчех Шчесни, кој заработува 7 милиони евра по сезона. Погба, пак, идеално за Јуве би стигнал во „трампа“ со Кристијано Роналдо, иако не е јасно дали Манчестер јунајтед би биле согласни на ваков договор.
Јувентус исто така се заинтересирани за трампа со Милан помеѓу Фернандо Бердардески и Алесио Ромањоли, чии договори со своите клубови завршуваат во 2022 година.