Top Sport

Патрис Евра со Боби Чарлтон го бара името на Сити на трофејот на ЛШ

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Патрис Евра, брутално се потсмеваше со Манчестер сити и нивниот неуспех во Лигата на шампионите, објавувајќи фотошопирана фотографија заедно со Сер Боби Чарлтон како го бараат името на Сити на трофејот.

Евра, очигледно, беше пресреќен што лутите градски ривали не успеаја да го освојат првиот трофеј во ЛШ и покрај огромните инвестиции.

„Сер Боби, може ли да го провериш името на Сити повторно? Не, уште го нема тука Пат. Ја сакам оваа игра“, напиша Евра на Инстаграм.

Оригиналната фотографија е таа на Чарлтон со Боби Рајан по освојувањето на титулата од Европскиот куп во 1968, кога Јунајтед ја победија Бенфика на „Вембли“. Самиот Евра, 40 години подоцна со Јунајтед ги совладаа Челси на пенали во Москва за титулата од ЛШ.

Scroll to Top