Новиот голман на Челси, Едуард Менди е откритието на Френк Лампард во новата сезона. Замената на киксерот Кепа Аризабалага денеска беше спасителот на Челси на жешкото гостување на „Олд Трафорд“, кај Манчестер Јунајтед.
Дуелот заврши нерешено, без погодоци.
Менди уште во првото полувреме во два наврати спаси сигурен гол по ударите на Рашфорд, односно Мата.
Статистиката која апсолутно беше на страната на домаќините вели дека „ѓаволите“ 14 пати шутнале кон голот на „сините“. Од тоа 4 одбранети удари има Менси, а трипати добро интервенирале дефанзивците.
Јунајтед играше на овој меч само со Рашфорд во нападот, а во позадина беа Џејмс и Фернандеш.
Лампард се реши за Вернер како прв пред голот на Де Хеа, со поддршка од Пулишиќ и од Хаверц.
Едисон Кавани доби можност за настап во второто полувреме, имаше и шанса за погодок, но биеше крај голот.
По ова коло Манчестер Јунајтед собра само 7 бода на 5 меча, доволно за 15-та позиција.
Челси, пак, има 9 бода и е 6-ти на табелата.
Претходно, Кристал Палас како гостин славеше против Фулам со 2-1.