Top Sport

„Него ни Зидан не го сака, Јовиќ не е играч за Арсенал“

Трансферот на напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ ќе биде приоритет на Арсенал во летниот преоден рок. Свое мислење за овој трансфер има и поранешниот фудбалер на Арсенал Кевин Кембел.

Фудбалерот кој играше за Арсенал во периодот од 1988 до 1995 година вели дека српскиот репрезентативец не би се вклопил во играта на „топџиите“.

„Дали би се вклопил во системот на Арсенал? Мислам не. Многу го гледам шпанскиот фудбал, сум го гледал Јовиќ и мислам дека не би се вклопил во нашиот клуб. Едноставно неког и Зидан не го сака“, рекол Кембел.

Според него Јовиќ не може да ги замени напаѓачите Пјер-Емерик Обамејанг и Александар Лаказет за кои смета дека ќе заминат од клубот.

„Артета ќе мора добро и паметно да размисли. За неговиот систем се потребни посебни фудбалери. Во моментов нема баланс во екипата. Ќе има многу промени, мислам дека Лаказет и Обамејанг ќе заминат“.

Слично како и Кембеп размислува и Рио Фердинанд. Неодамна поранешниот играч на Манчестер Јунајтед изјави дека Јовиќ не е играч за Арсенал.

Scroll to Top