Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити и екс-репрезентативец на Шпанија, Алваро Негредо (34) во новата сезона повторно ќе игра во Ла Лига. Негредо ги напушти Емиратите и потпиша едногодошен договор со опција за уште една сезона со новиот прволигаш, Кадиз.
Шпанецот последните две сезони ги помина во клубот Ал Насри во Дубаи. Сезонава таму имаше учинок од 8 гола и 5 асистенции на 17 меча.
Своевремено настапуваше за Реал Мадрид, Манчестер Сити, Севилја, Валенсија, Мидлсборо и Бешикташ.