Бразилскиот играч од средниот ред Бруно Гимареш (28), кој се приклучи на Њукасл пред две години, а за чии услуги се заинтересирани Барселона, ПСЖ и Арсенал, би можел да го напушти клубот уште во јануари. Според најновите информации од Англија, активирана е неговата откупна клаузула, но не е од споменатите клубови, туку од засега неименуван клуб од Премиер лигата.
Според тврдењата на англискиот извор „Indykail“, прашање на време с кога Бразилецот ќе замине од „Сент Џејмс Парк“.
„Договорот на Бруно Гимареш има откупна клаузула од околу 115 милиони евра. Неименуван клуб од Премиер лигата веќе испратил неколку рани барања во врска со Гимареш“, објави овој извор.
Иако името на заинтересираниот клуб не е откриено, се шпекулира дека тоа би можел да биде Челзи. Менаџерот на „сините“, Енцо Мареска, наводно побарал од управата да доведе врвен играч од средниот ред во јануарскиот преоден рок, а Гимареш совршено се вклопува во тој профил.
Бруно Гимареш ја започна својата кариера во бразилскиот Го Аудакс, по што се пресели во Атлетико Паранаенсе. Тој пристигна во Европа во 2020 година, кога Лион го донесе за 20 милиони евра.
Само две години подоцна, Њукасл му плати 42 милиони евра, а во меѓувреме, Бразилецот стана еден од клучните играчи на Њукасл и еден од најценетите играчи од средниот ред во Премиер лигата.
Foto/ depositphotos
