Марио Манџукиќ не е во плановите на тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, поради што минатата недела беа актуелни информациите дека тој ќе се пресели во Катар. Тој ги договорил условите за трансфер во Ал-Рајан, но ја сменил одлуката откако видел во каква состојба биле терените на тренирале играчите на катарскиот клуб.
Италијанските медиуми пишуваат дека Хрватот сепак може да заврши во Катар, бидејќи уште неколку екипи биле сериозно заинтересирани за него.
„Ситуацијата околу Манџукиќ е компликувана, трансферот е стопиран. Бидете трпеливи, преодниот рок во Катар трае до 30 септември. Ќе видиме што ќе се случува во наредните денови“, рекол спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи.