Top Sport

Неизвесна е судбината на Рафиња во Барселона

Барселона по завршувањето на сезоната ќе ја разгледа иднината на Рафиња. Бразилецот, во летниот преоден рок во 2022 година пристигна во клубот, но барем засега не ги исполни очекувањата.

Рафиња (26) оваа сезона забележа 11 настапи за Барселона, постигна два гола и забележа три асистенции.

Каталонски „Спорт“ смета дека не ги оправдал очекувањата, особено сега кога во тимот повеќе го нема Усман Дембеле.

„Неговиот придонес е слаб и клубот на лето ќе одлучи што да прави со него бидејќи тој е играч од чија продажба Барселона може да заработи сериозни пари“, пишува „Спорт“ и потсетува дека минатото лето Рафиња летово имал понуди од англиски и саудиски клубови, но одлучи да остане во Барселона.

Со заминувањето на Усман Дембеле во ПСЖ, Рафиња ја доби стартната позиција како десно крило, но учинокот не му е добар.

Барселона за Рафиња на Лидс јунајтед му плати 58 милиони евра.

Scroll to Top