Top Sport

Неизвесност во Минхен, ќе остане ли Перишиќ на „Алијанц“ барем до август?

Позајмицата на хрватскиот интернационалец, Иван Перишиќ претставува проблем за Баерн Минхен затоа што трае уште само 7 дена.

„Билд“ пишува дека преговорите се во тек за продолжување на позајмицата барем до крајот на патот на Баерн во ЛШ, кој ќе се игра во август.

Од трансферот за кој се пишуваше последниве месеци најверојатно нема да биде ништо, тврди истиот извор.

Првакот на Германија мака мачи со големата плата на Хрватот и поради тоа не сака да го откупи договорот од Интер.

Враќање во Милано пак на Перишиќ секако не би му се допаднало.

Тренерот Антониот Конте се одрече од услугите на Хрватот затоа што е љубител на формација 3-5-2.

Перишиќ за Баерн сезонава настапи на 29 меча, постигна 6 гола и имаше 8 асистенции.

Scroll to Top