Top Sport

Навивачот на Барнли кој леташе расистичка порака е избркан од работа

Навивачот на премиерлигашот Барнли, Џејк Хепл кој во понеделникот вечерта организираше авион да прелета над стадионот на Манчестер Сити со порака „Белите животи се важни“, што во Англија беше окарактеризирано како расистички доби отказ од работа.

Компанијата во која Хепл работел како заварувач му го откажала договорот, откако тој во вторникот призна дека стоел зад идејата со транспарентот.

„Не сум расист. Знам дека поединци сакаат така да ме означат, но тоа едноставно не е вистина. Имам доста пријатели меѓу црномурестите луѓе и азијатите, а пораката над Манчестер е инспирирана од движењето „Животот на црномурестите е важен“. Не ни беше намерата да ги навредиме луѓето со темна кожа, туку само да потсетиме дека се важни и животите на белците“ изјави Хепл за „Дејли Мејл“.

Интересно е што отказ од работа добила и негговата девојка Меган која оставала расистички пораки на друштвените мрежи.

Scroll to Top