Фудбалерите на Осиек, како гости го победија Килижар со резултат 2:1 во првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига. Со овој триумф хрватскиот тим направи голем чекор кон пласман во наредната квалификациска рунда.
Натпреварот одигран во Казахстан го обележа автоголот на Дарко Нејасмиќ. Фудбалерот на Осиек си постигна неверојатен автогол од центарот на теренот.
Тој ја прими топката, беше под притисок, сакаше да му ја врати на голманот, но голманот беше далеку од својот гол.
На крајот топката заврши во мрежата, за еден од покомичните автоголови.