Top Sport

Нејмар ако мора да замине од ПСЖ сака само во Манчестер јунајтед

Нејмар веќе направил одлука за својата иднина, со две желби – или да остане во Пари Сен-Жермен или да направи трансфер во Манчестер јунајтед, тврди францускиот „Фут меркато“.

Тие објаснуваат дека тој веќе одбил богата понуда од Саудиска Арабија и дека сака да остане во Европа, а поврзаноста со катарските газди на ПСЖ, значи дека трансферот на „Олд Трафорд“ би можел да се оствари ако се прифати понудата за продажба на клубот.

31-годишниот Нејмар подолго време е надвор од терените поради повреда, а неодамна го навлече бесот на навивачите на ПСЖ откако наместо да замине во Стразбур за да ја прослави титулата со своите соиграчи, тој беше на „екскурзија“ во Монако за Ф1 трката.

Scroll to Top