Top Sport

Војдан Стојановски: МЗТ Скопје посакува и втор триумф во финалната серија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва (19 часот) го пречекуваат Пелистер во вториот меч од финалната плејоф-серија, во обид да стигнат до втората победа, што ќе ги донесе на чекор до освојување на јубилејната десетта титула во клупската историја.

Во првиот меч, аеродромци беа убедливи и славеа со 84:64, а искусниот Војдан Стојановски знае дека ова е можеби и клучниот натпревар во битката за шампионскиот пехар.

„Пред нас е исклучително важен меч за двете екипи. Со победа ќе дојдеме на чекор до посакуваната цел, поради што ќе сториме сѐ за да ја повториме играта од неделната пресметка, која убедливо ја добивме. Ако го испочитуваме договореното, како во напад така и во одбрана и ако одиграме борбено и пожртвувано, тогаш сигурен сум дека ќе се радуваме на крајот заедно со нашите навивачи и симпатизери, кои очекувам и овој пат да дојдат во голем број и да ни ја дадат и тоа како потребната помош од трибините“, изјави Војдан Стојановски.

По ова, финалната серија ќе се пресели во Битола.

 

Scroll to Top