Top Sport

Нејмар: Ако треба ќе умрам на терен, само да ги победиме Сити

Нејмар вели дека ќе направи сѐ за да помогне Пари Сен-Жермен да ги совладаат Манчестер сити, дури и тоа да значи дека „ќе умре на теренот“.

ПСЖ доживеаја домашен 1:2 пораз од Сити во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампиони и во вторник имаат вистински предизвик на гостувањето на „Етихад“ во вторник. Нејмар е сигурен дека неговиот тим може да стигне до второ финале во низа, откако лани загубија од Баерн Минхен.

„Ни треба одмор, па потоа да се фокусираме на Лигата на шампионите. Имавме тежок прв меч против Манчестер сити, но мора да веруваме дека и покрај резултатот имаме шанса за победа. Сите парижани треба да ни веруваат. Јас ќе бидам напред и ќе бидам првиот воин кој ќе оди во војна за тимот. Ќе го дадам мојот максимум на теренот и сѐ што е возможно за победа, дури иако умрам на теренот“, изјави Нејмар.

Scroll to Top