Top Sport

Шокантна ММА борба во Русија од само 35 секунди, судијата „заспа“

Оленг Манжуев го „уништи“ Шерзод Исмоилов на ММА Серија 31 натпреварувањето во Санкт Петерсбург, во меч во кој фановите не сфаќаат зошто судијата не го прекина мечот кога стана очигледно дека фајтерот загуби свест.

Дуелот во лесна категорија заврши кога Русинот го „заглави“ узбекистанскиот ривал на подот, и противникот очигледно беше во несвест, додека судијата чекаше да означи крај на мечот.

За Манжуев ова е деветта победа во 11 професионални мечеви, додека за Исмоилов ова е втор пораз во пет меча.

Scroll to Top