Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар да Силва, рекол дека Барселона секогаш ќе биде во неговото срце, но дека сега треба да се фокусира на својата кариера во францускиот клуб.
„Барселона секогаш ќе биде во моето срце“, рекол Нејмар за „Марка“.
Бразилецот ова лето за рекордна сума од 222 милиони евра ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ.
„Уживав во времето кое го поминав во Барселона, тоа нема никогаш да го заборавам, но сега морам да се фокусирам на настапите во ПСЖ“, рекол Бразилецот.
Најскапиот светски фудбалер, во понеделникот, беше трет во изборот на ФИФА за фудбалер на годината. Пред него беа поранешниот соиграч Лео Меси и најдобриот за 2017 Кристијано Роналдо.