Нејмар јасно им кажал на Пари Сен-Жермен дека сака да го „пуштат да оди дома“ и им објаснил дека воопшто не требал да си замине од Барселона, јавува „Мундо депортиво“.
Нејмар ги шокираше сите кога летото 2017 година потпиша за ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, но неговата иднина постојано беше мета на шпекулации и шпанските медиуми тврдат дека тој конечно побарал да се врати во Барселона, каде што неговите порашени соиграчи Лео Меси и Луис Суарез им порачале на првите луѓе во клубот да го вратат во Каталонија.
Според „Мундо“, тренерот на ПСЖ, Томас Тухел исто така е подготвен да го одобри заминувањето бидејќи му е доста од проблемите кои тој ги предизвикува во соблекувалната. Овие вести доаѓаат откако претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи изјави дека „никој не го натерал“ Нејмар да дојде во Франција, меѓутоа, додаде дека кој не сака да биде дел од проектот, може слободно да побара трансфер.
„Мундо“ додава дека Барселона е внимателна на пазарот и на можниот договор со Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, бидејќи чекаат да го видат развојот на настаните.