Top Sport

Нејмар доби огромна казна за приватното езеро во Бразил

Фудбалската ѕвезда Нејмар доби казна од 16 милиони реали (3,3 милиони долари) за изградба на езеро во неговата палата на периферијата на Рио де Жанеиро без еколошка дозвола, соопштија бразилските власти, а пренесе АФП.

Градскиот совет на Мангаратиба изрече четири казни за „прекршување на еколошките норми при изградба на вештачко езеро на имотот на фудбалерот“, се вели во соопштението од секретаријатот на советот.

„Санкциите изнесуваат повеќе од 16 милиони реали“, износ што го утврдиле обвинителите во Мангаратиба, туристичка област на околу 130 километри од Рио, каде што ѕвездата на Пари Сен Жермен има своја куќа.

Меѓу откриените „десетици прекршувања“, властите наведоа „извршување работи што подлежат на контрола на животната средина без дозвола“, зафаќање и пренасочување на речната вода без дозвола и „отстранување на земјиштето и сузбивање на вегетацијата без дозвола“.

Нејмар има рок од 20 дена да се жали на казната, која првично беше одредена на пет милиони реали, што е близу еден милион долари. Но, сега е зголемена на 3,3 милиони долари.

Scroll to Top