Top Sport

Нејмар е лут на Бразилците кои навиваат за Меси да ја освои Копа Америка

Голема прашина се крена во бразилската јавност во очи на големото финале на Копа Америка меѓу Бразил и Аргентина кое ќе се одигра во недела рано наутро.

Бурата ја предизвика Бразилецот Нејмај кој на Инстаграм „удри“ по своите сограѓани кои не навиваат за националниот тим, а фаворизираат Лео Меси за првпат во кариерата да стигне до пехарот во ова натпреварување.

„Јас сум Бразилец и сум со голема гордост и љубов за татковината. Отсекогаш сонував да го облечам бразилскиот дрес и да ја слушам песната на нашите навивачи. Навивам за Бразил во било кој спорт, на било кое натпреварување. Ако Бразилец се натпреварува во моделирање, јас навивам за него. Ако е во прашање Оскар или што и да е друго, навивам за Бразилците. Се прашувам: `Кој е Бразилец, а не го прави истото? Ок, го почитувам тоа, но носете се` – напиша Нејмар.

Слично размислува и фудбалерот на ПСЖ, Маркињос откако познатиот бразилски новинар, Фабиола Андраде рече дека ќе навива за Аргентина поради Меси.

„Тешко е, гледаме Бразилци, многу луѓе кои работат во медиумите, кои се отворено против нас, кои не навиваат за бразилската репрезентација, не се гордеат со нас и не ни пружаат поддршка“ вели тој.

Финалето се игра на Маракана во Рио.

Scroll to Top