Top Sport

Нејмар е лут, но ќе се врати во понеделник, вели неговиот татко

Нејмар ќе се врати на тренинзите на Пари Сен-Жермен во понеделник, како што бил информиран францускиот клуб, вели неговиот татко и агент, Нејмар Сениор.

ПСЖ неочекувано соопшти дека ќе го казни бразилскиот напаѓач откако тој не се појави на првиот ден тренинзи во понеделникот, иако неговиот татко изјави дека клубот бил информиран за неговото отсуство.

„Имаме закажано комерцијални и други обврски за петок и сабота, така што тој ќе си дојде во понеделник. Последните пет години тој ги има тие обврски, а Пари Сен-Жермен во присуство на претседателот Насер Ал-Хелаифи беше информиран за тие активности. Не ги сфаќам причините поради овие работи. Нејмар е лут, но ќе се врати“, изјави Нејмар Сениор за „Фокс Бразил“.

Новиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо изјави дека тоа „не било договорено“ со клубот и посочи дека Нејмар ќе ги сноси истите последици како било кој вработен.

Позади оваа мешаница, Нејмар повторно е поврзуван со враќање во својот стар клуб Барселона, трансфер кој сигурно би чинел многу.

Scroll to Top