Top Sport

Нејмар е подготвен да го напушти ПСЖ

Неуспешните години во Лигата на шампионите, ги натера челниците на ПСЖ од корен да ја сменат клупската политика. Спортскиот директор, Луис Кампос, планира да го гради тимот околу Килијан Мбапе, што значи дека Лионел Меси и Нејмар, играчисо големи плати ќе го напуштат клубот.

Не е никава тајна дека Меси по две сезоно, како слободен играч, ќе го напушти Париз. Она што е интересное што на трансфер се согласил и Нејмар. Бразилецот има договор до 2026 година и досега неколку пати одбиваше да го напушти „Паркот на принцовите“.

„Претседателот Насер Ал Келаифи работи напорно на целосен ремонт на составот за сезоната 2023/24. Лионел Меси е надвор од тие планови. Се уште постои сериозна можност за промена на тренерот, бидејќи Кристоф Галтие не е омилен лик во Париз, а на трансфер листата ќе се најде и Нејмар“, пишува бразилски „UOL Esporte“.

Бразилците тврдат дека 31. годишниот напаѓач е информиран за плановите на клубот да го продаде и дека за разлика од некои претходни обиди, тој нема да застане на патот на таквата идеја. Се шпекулира дека најголем интерес покажуваат Челзи, Њукасл и Манчестер Јунајтед.

Нејмар има годишна плата од речиси 40 милиони евра. Според „Трансфермаркт“, неговата вредност на пазарот изнесува 70 милиони евра.

Scroll to Top