Top Sport

Нејмар е подготвен за Хрватска

Бразилскиот селектор Тите соопшти дека капитенот на репрезентацијата Нејмар ќе игра во второто полувреме на утрешниот контролен натпревар против Хрватска, во Ливерпул.

Нејмар паузира уште од февруари кога мораше да замине на операција поради повреда на стапалото.

Тите на прес конференцијата пред натпреварот во Ливерпул дека дуелот со Хрватска ќе го започнат: Алисон – Данило, Тијаго Силва, Миранда, Марсело – Касемиро, Паулињо, Фернандињо – Кутињо, Вилијан, Габријел Жесус.

Запрашан дали ова би била стартната постава доколку денес започнува светското првенство, Тите одговорил потврдно.

„Во овој момент тие се најдобрите, сега можеме да работиме само со нив“, рекол бразилскиот селектор.

Дуелот Бразил-Хрватска се игра утре на „Енфилд“ со поечток во 16 часот.

Бразил на СП во Русија ќе игра во Е-групата против Србија, Швајцарија и Костарика.

Scroll to Top