Мазињо член на златната генерација на Бразил која во 1994 година го освои Светското првенство смета дека Нејмар треба да се врати во Барселона.
Нејмар пред почетокот на сезоната 2017/2018 за светски рекорд од 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. Од минатото лето медиумите шпекулираат со неговото враќање во Барселона.
„Во Барселона би биле воодушевени доколку им се врати Нејмар. Тој е природна замена за Меси. Не постои друг играч кој може да го замени Меси, само Нејмар“, рекол Мазињо.
Оваа сезона Нејмар во сите натпреварувања одиграл 22 натпревари на кои постигнал 18 голови.