Top Sport

Нејмар едвај го чека Реал во Лигата на шампионите

Нејмар вели дека е нестрплив пред двомечот со актуелниот шампион Реал Мадрид во Лигата на шампионите, бидејќи очигледно француската Лига 1 не носи голем предизвик за бразилската ѕвезда.

Нејмар во саботата го постигна 18. гол во француската лига со одличен слободен удар за 3:0 победа на гостувањето во Лил по што Пари Сен-Жермен има 11 поени предност на табелата. Најскапиот фудбалер на светот вели дека едвај го чека првиот меч со Реал на „Сантијаго Бернабеу“ на 14 февруари.

„Никогаш не сум бил толку нестрплив. Едвај чекам и се надевам дека ќе ми помине времето побргу. Работиме напорно за такви мечеви бидејќи ќе играме против навистина голем тим. Ќе ги почитуваме луѓето од Мадрид, ќе се подготвиме најдобро што можеме и ќе се обидеме да победиме“, вели Нејмар, кој утре го прославува својот 26. роденден.

Scroll to Top